Граѓаните кои побарале легализација на дивоградба, а до општината не доставиле геодетски елаборат имаат време оваа работа да ја завршат до 15 септември наредната година. Во државава се поднесени вкупно над 350.000 барања за легализирање дивоградби, а досега геодетски елаборати се нарачани и изработени само за околу 160.000, што е помалку од половина. Токму поради опасноста дека поради изработката на елаборатите граѓаните нема да успеат да обезбедат правен статус за своите објекти, со измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти крајниот рок за доставување на елаборатите од 18 јуни годинава се поместува за повеќе од една година.
Граѓаните кои побарале легализација на дивоградба, а до општината не доставиле геодетски елаборат имаат време оваа работа да ја завршат до 15 септември наредната година.
Во државава се поднесени вкупно над 350.000 барања за легализирање дивоградби, а досега геодетски елаборати се нарачани и изработени само за околу 160.000, што е помалку од половина. Токму поради опасноста дека поради изработката на елаборатите граѓаните нема да успеат да обезбедат правен статус за своите објекти, со измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти крајниот рок за доставување на елаборатите од 18 јуни годинава се поместува за повеќе од една година.
Со законските измени кои веќе се доставени до Собранието се допрецизираат и одредбите за легализација на доградените тераси, за кои како и за дивоградбите, ќе важи цената од едно евро за квадрат. Се предвидува за оваа цена да се легализираат сите такви проширувања на станбениот простор изведени до 3 март 2011 година, кога стапија на сила законските решенија за легализација на дивоградбите. а оние кои не поднеле барања тоа може да го сторат во рок од два месеци од стапувањето на сила на измените на Законот. Дел од граѓаните веќе побарале легализација на доградените тераси, но таа не е реализирана поради високата цена, која досега за Скопје изнесуваше од 100 до 140 евра, а во внатрешноста од 40 до 80 евра за квадрат.